18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМалешевската музика претставена на фестивал во Австралија

Малешевската музика претставена на фестивал во Австралија

zurli 333

Малешевската музика беше преставена на најголемиот фестивал во Австралија „Вудфорд Фолк Фестивал“ (Woodford Folk Festival) од страна на оркестарот Уска Кан, Малешевски Зурли и Етно Малеш.

Овој меѓународен фестивал се одржува веќе 30 години, годинава во периодот од 27-ми декември до 1-ви јануари на фестивалското село во областа Вудфордија повеќе од 2.000 интернационални изведувачи одржаа 438 настапи. Фестивалот вклучува концерти, улични театри, филмски претстави, циркузи, дебати, детски претстави, работилници. Фестивалската програма се одржува на 38 сцени, секоја година привлекува разновидна публика од сите возрасти и многу националности. За непречено одвивање на фестивалот се ангажирани армија на волонтери чија бројка оваа година изнесува 2.300.

Уска Кан е еден од најдобрите дувачки оркестри на Балканот, кои во 2013-та и 2014-та беа прогласени за златна труба и најдобар меѓународен дувачки оркестар на фестивалот за дувачки оркести во Гуча, Србија. Нивното протфолијо содржи учество на голем број на фестивали и соработка со голем број на изведувачи од земјата и светот.

Групите Малешевски Зурли и Етно Малеш се едни од епичните музички состави кои децении наназад работат на зачувување на автентичниот музички фолклор од малешевскиот регион.

Соработката помеѓу Берово и Вудфорд фестивалот беше направена преку музичарот Линзи Полак кој минатата година настапи на Етно Плоштад Фестивалот во Берово.

„Исклучително сме горди што малешевската традиционална музика беше презентирана на еден од најголемите фолклорни фестивали на тој дел од светот. Линзи Полак е голем пријател на Берово, кој во изминатите 37 година ја истражува малешевската музика и оваа година имавме можност да направиме културна размена на високо светско ниво со негов настап на Етно Плоштад Фестивалот и настап на трита најдобри музички проект од Берово на фестивалот Вудфорд во Австралија“, изјави Марин Демировски директор на Етно Плоштад фестивалот во Берово.

За културната размена огромна заслуга има Милиам Дестановски кој веќе неколку години работи на презентација и валоризација на македонската етно музика во САД. Тој на Вудфорд фестивалот одржа работилница за презентација на малешевските игри и ора која ја следеа околу 200 учесници.

Трите музички групи во фестивалската програма имаа околу 25 настапи, а одржаа концерти и во градот Мелани и забава за македонските иселеници во Австралија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП