12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку вкупно злато има во светот?

Колку вкупно злато има во светот?

zlato1

Веќе со векови златото се смета за највреден метал и за една од најсигурните инвестиции во кризните времиња, но неговата количина на Земјата сепак е ограничена.

Кога би го стoпиле целото злато во светот и од него да направиме голема коцка, колкава ќе биде таа коцка?

Кога некој би успеал да го собере целото злато во светот и да го излее во една златна коцка, колкава би била нејзината големина? Стотина кубни метри, или можеби и илјадници?

Всушност, веројатно не би била ни блиску до тоа.

Ворен Бафет, еден од најбогатите инвеститори во светот, вели дека вкупната количина на злато во светот (се мисли на златото над земјата) кога би се собрала во една коцка, таа коцка би била со должина од само 20 метри.

А дали е тоа целото злато кое постои? И ако е така, како да знаеме?

Бројката која ја користат инвеститорите низ целиот свет доаѓа од компанијата Томсон Ројтерс ГФМС, која спроведува годишно истражување на залихите на злато во целиот свет.

Според нејзините неодамнешни истражувања, во светот постојат 171,300 тони злато, што е речиси идентично со коцката која ја замисли Ворен Бафет, односно коцката од 171,300 тони би била долга околу 20,7 метри.

Но, не се согласуваат сите со проценките на компанијата Томсон Ројтерс. Другите проценки варираат од 155,244 тони, до речиси 16 пати поголема бројка, 2,5 милиони тони.

Ако оваа најголемата бројка е точна, од целото злато во светот би можела да се направи коцка со должина од 50 метри, или на пример голем златен столб со висина од 159 метри.

Сега се наметнува прашањето зошто овие бројки се толку различни?

Една од причините е тоа што златото било експлоатирано векови наназад, пред повеќе од 6.000 години.

Првите златни монети се исковани околу 550-тата година пред нашата ера под водство на кралот Крез на Лидија, покраина во денешна Турција, и за многу кратко време станаа најприфатлив начин на размена за трговците на Медитеранот.

Се проценува дека до 1492 година, кога Колумбло пловел кон Америка, биле извадени 12.780 тони.

Но, Џејм Турк, основач на компанијата „Златни пари“ и истражувач кој вршел истражувања во оваа област, овие бројки ги смета за обични проценки.

Тој верува дека примитивните техники за ископување на злато, кои биле употребувани до средниот век, овозможувале многу помала количина на финален производ и дека како последица на тоа реалната бројка изнесувала само 297 тони.

Проценката на Турк, за вкупната количина на злато во светот изнесува 155,244 тони, што е за шест проценти помалку од проценката на компанијата Томпсон Ројтерс.

Сепак, голем број на експерти кои сметаат дека оваа бројка е премногу мала. На пример, само ковчегот на Тутанкамон содржи 1,5 тони злато, а и многу гробници се ограбени уште пред да се направи детален список за тоа што го поседуваат.

Експертите исто така, посочуваат на фактот дека Кина не ја открива вистинска количина на злато која ја поседува. Покрај тоа, во некои земји како Колумбија, сеуште постои и нелегално ископување.

Според проценките на организацијата „ Gold Standard Institute“, кога би ги испразниле сите банки и сите кутии за накит, би нашле околу 2,5 милиони тони злато, иако оваа бројка е многу тешко да се поддржи со докази.

На крајот…. кој е во право?

Навистина не постои прецизен начин да се одреди.

На крајот, сите овие бројки се составени од проценки кои повторно се потпираат на некои други проценки. Можеби сите проценки заедно се далеку од вистината.

Добрите вести се тоа што резервите со злато нема наскоро да “пресушат“. Според американските геолошки истражувања се проценува дека во рудниците се кријат уште најмалку 52.000 тони злато. Лошата вест е во начинот на кој го користиме златото.

Она што е важна карактеристика на златото е тоа што никогаш не исчезнува, бидејќи златото може повторно и повторно да се стопи.

Интересен е податокот дека златото всушност се рециклира. Целото злато кое е досега ископано е сеуште во употреба. Тоа значи дека, ако имате на пример, златен часовник, можеби некои делови од него биле ископани од античките Римјани пред 2.000 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП