13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемите економски случувања во светот во 2015-та

Најголемите економски случувања во светот во 2015-та

global economy SS (1)

Крајот на оваа турбулентна 2015 година е пред нас, а во неа имаше голем број на економски случувања и вести кои влијаеа на берзанските и економските текови ширум светот – каматната стапка на ФЕД, падот на кинеските индекси и фрапантниот пад на вредноста на барелот нафта, се некои од најважните вести во оваа година.

Економскиот пад на Кина

tut1

На обичните луѓе им беа потребни околу пет години за навистина да се загрижат поради забавениот економски раст на Кина. Најголемиот шок се случи во август оваа година, кога меѓу 10-ти и 25-ти август DJIA индексот ослабе за 11 проценти поради стравот од потценување на економската состојба на најголемата држава во светот и влијанието врз остатокот од светот.

Сепак, кинескиот економски пад всушност е дел од официјалниот државен план за откажување од неодржливиот раст поттикнат од извозот и несигурните инвестиции и завртување кон сигурниот раст, базиран на приватната потрошувачка.

Пад на цената на енергентите

tut2

Падот на економијата на Кина и глобалното заситување од производството на нафта доведе до огромен пад на цената на енергентите и скапоцените метали. Standard & Poor’s GSCI индексот на енергенти опадна за 34 проценти, на најниското ниво од 1999 година, најмногу поради падот на нарачките од Кина – кога е во замав кинеската економија троши околу половина од светскиот бакар, алуминиум, никел и челик.

Цената на барелот нафта опадна од 98 долари пред две години на денешните 35 долари и најсериозната причина е огромното зголемување на производството ширум светот. Иран започна да „пумпа“, а енергетските компании ги намалија инвестициите во САД, додека работниците во рудниците во Замбија, индонезиските полиња и австралиските пристаништа ја губеа работата. Сепак американските потрошувачи имаат најголема корист – наместо 2,47 долари за галон бензин, сега плаќаат под 2 долари. Се прогнозира понатамошно слабеење на „црното злато“ и се очекува вредноста на барелот да опадне и до 20 долари.

Крај на ерата на „бесплатните“ пари

Uncut $100 bills run through cutting machine at the Bureau of Engraving and Printing Western Currency Facility in Fort Worth, Texas, Tuesday, Sept. 24, 2013.  The federal printing facility is making the new-look colorful bills that include new security features in advance of the Oct. 8 circulation date.  (AP Photo/LM Otero)

Во рамките на веројатно нaјдосадната тема оваа година, американската ФЕД конечно ја зголеми основната каматна стапка, во декември, после целогодишно предомислување и мислењата искажани од илјадници аналитичари и експерти.

Да се потсетиме, кога ФЕД ја намали краткорочната каматна стапка на нула во декември 2008 година, американската економија беше во тешка состојба и губеше илјадници работни места секој месец. Финансискиот систем беше речиси пред колапсот.

Никој не веруваше дека магичната нула ќе биде задржана седум години, но ете, се случи и на 16-ти декември, ФЕД заклучи дека економијата е способна да го издржи растот на каматните стапки на 0,25 до 0,50 проценти Од друга страна, Европската централна банка, Банката на Јапонија и Централната банка на Кина имаат намера да ги водат финансиите во спротивната насока: тие ќе продолжат со политиката „евтини“ пари.

Volkswagen лажливец

tut4

Во првата половина од годината, „Volkswagen“ ја надмина „Toyota“ како најпродаван светски производител на автомобили, но триумфот не траеше долго. Агенцијата за заштита на природната средина (EPA) на 18 септември објави дека „Volkswagen“ лажел на тестовите за емисиите за штетни гасови за илјадници дизел автомобили кои биле означени како „зелени“. Подоцна беше откриено дека директорите во „Volkswagen“ знаеле за измамата со години.

Како резултат, најуспешниот директор во историјата Мартин Винтеркорн поднесе оставка, повлечени беа 11 милиони автомобили ширум светот и беа одвоени 7 милијарди долари за надоместоци и казни.

Uber како глобален феномен

BARCELONA, SPAIN - JULY 01:  In this photo illustration the new smart phone taxi app 'Uber' shows how to select a pick up location on July 1, 2014 in Barcelona, Spain. Taxi drivers in various cities have been on strike over unlicensed car-hailing services. Drivers say that there is a lack of regulation behind the new app.  (Photo by David Ramos/Getty Images)

Оваа година со сигурност може да се нарече „годината на Uber“, сервис за делење превоз кој овозможи значајни заштеди и стана симбол за „претприемачката економија“.

Година на мега-спојувањa на компаниите во САД

miller_budweiser_091615

Оваа година компаниите во САД објавија договори за спојување и аквизиција во вредност од околу 4800 милијарди долари, со рекорден број на мега-спојувања вредни 10 и повеќе милијарди долари. Budweiser и Miller пивата се најдоа под ист покрив, во рамките на спојувањето на компанијата Anheuser-Busch InBev и SABMiller, вредно 106 милијарди долари. Dow Chemical и DuPont создадоа компанија вредна 60 милијарди долари, додека Pfizer и Allergan се најдоа во компанија вредна 149 милијарди долари, па така Viagra и Botox се најдоа под ист покрив, а и Dell го купи EMC за 66 милијарди долари…

Грција и Сириза

tut6

Ова лето, за среќа, беше избегната грчката трагедија. Опасноста од финансискиот колапс на Грција порасна откако лево-ориентираната Сириза победи на изборите во јануари и дојде во судир со европските кредитори. Многу време и волја беа загубени, како и еден министер за финансии, за Алексис Ципрас да се согласи со уловите на ЕУ во јули, што конечно доведе до стабилност на европските берзански индекси. Ципрас повторно победи на изборите во септември, но Грција во моментов е во некоја фаза на „транспарентна“ стабилност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП