22 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБесплатен театарски маратон во Театар „Џинот“ Велес

Бесплатен театарски маратон во Театар „Џинот“ Велес

veles-dzinot

Како завршница на културната манифестација „Велес – Град на културата“ за 2015 година, од 26 до 30 декември Театар „Џинот“ Велес ќе изведе театарски маратон со пет актуелни претстави од својот репертоар, за кои влезот ќе биде бесплатен.

Во рамките на маратонот ќе бидат изведени следниве претстави:

Сабота, 26 декемеври, „Спанаќ со пржени компири“, 20 часот

Недела, 27 декември, „Ноќите во бел сатен“, 20 часот

Понеделник, 28 декември, „Класен непријател“, 20 часот

Вторник, 29 декември, „Приказни од шестиот кат“, 20 часот

Среда, 30 декември, „Волшебната шума“, 18 часот

Гратис билети можат да се подигнат на билетарницата на театарот секој работен ден од 10-14 и 18-20 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП