27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБесплатна претстава во Кино Култура

Бесплатна претстава во Кино Култура

кино-култура

Денес вечер, во рамки на програмата на Кино Култура со почеток во 20 часот ќе биде прикажана театарска претстава „Солун, град на духови“ по текст на Русомир Богдановски, инспириран од истоимената книга на Марк Мазовер, музика на Златко Ориѓански, во режија на Слободан Унковски.

Во претставата играат: Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Стефан Вујисиќ, Мартин Манев, Горан Ников и Владимир Петровиќ.

Претставата е продукција на Театарот на Навигаторот Цветко, Скопје, направена со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и на Музејот на холокаустот на евреите од Македонија.

Влезот за претставата е бесплатен, и со оглед на ограничениот број на седишта карите ќе се даваат бесплатно на тие што први ќе дојдат да ги подигнат.

Карите можат да се подигнат од 19.40 часот во фоајето на Кино Култура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП