24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРеприза на претставата „Генерална проба на самоубиството“

Реприза на претставата „Генерална проба на самоубиството“

samoubistvo pretstava

НУ Турски Театар, ќе ја изведе репризата на преставата „Генерална проба на самоубиството“, од Душан Ковачевиќ, а во режија на Билге Емин, денеска со почеток во 20 часот на сцената во Театар Комедија.

Претставата се изведува со титл на македонски јазик.

Улогите ги толкуваат: Селпин Керим – самоубиец и братот на самоубиецот, Осман Али – Капетанот, Бизнисменот, Психијатарот, Адвокатот, Џенап Самет – Рибарот, Сузан Акбелге – Жената.

„Генерална проба на самоубиството“ е механизам на лаги во кој човекот запаѓа мислејќи дека тука е неговото спасение. Го набљудуваме процесот како повоената економија и општествениот поредок влијаат на одлуката на поединецот и го втурнуваат во помислата да си го одземе животот. Сега, во рамките на ваквото уредување, луѓето умираат парче по парче. Индивидуата не може да го контролира дури ни самоубиството, бидејќи системот не го дозволува тоа. „Зошто волкот не пасе трева“, „Бидејќи овците тоа го прават за него.“

Такви се и социјалните процеси кои се одвиваат во моментот. Во претставата е отсликан апсурдниот и гротесктен свет кој го преживува современиот човек. Денес луѓето живеат во страв што ќе се случи утре, факт кој го повлекува и прашањето за идентитетот, зад што стојат големите  светски сили, лоби групите за вооружување, империјалистичките Европа и САД. Од една страна, поставена е така наречената слобода, а од другата страна е човекот кој е претворен во машина која автоматски функционира и лесно се контролира. Европскиот Рационализам, поимањето на формата го конципира на основа на естетиката на Пит Мондријан, основачот на Неопластицизмот, што ме наведе овој концепт на формата на Мондријан да се провлекува како сценска естетика, пишува режисерот Билге Емин за претставата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП