25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемите банки во Британија не плаќале даноци!

Најголемите банки во Британија не плаќале даноци!

banka2222

Пет од најголемите банки во Велика Британија не плаќале корпоративни даноци во 2014-та година, иако се заработени милијарди фунти, покажува анализата на „Ројтерс“, цитиранa од „ВВС“.

„JP Morgan“, „Bank of America Merrill Lynch“, „Deutsche Bank“, „Nomura Holdings“ и „Morgan Stanley“ не плаќале никакви корпоративни даночни обврски, тврди агенцијата.

Банките ги покриле претходните загуби врз сметка на приходот за 2013-2014 година

Тие одбиваат да дадат коментар, но нивните даночни пријави издаваат дека се исполнети британските даночни закони.

Анализата на финансиските извештаи откриваат дека седум банки, споменатите, како и „Goldman Sachs“ и „UBS“, користеле даночни олеснувања, како и за загубите кои ги генерираа за време на кризата, за да ги намалат нивните корпоративни даночни сметки.

Седумте банки платиле општи 30 милиони фунти во форма на корпоративни даноци во 2014-та година, иако имаат заработено 3,6 милијарди фунти при приходи од 21 милијарди фунти. Во седумте банки работат 33 илјади луѓе.

Но во финансиските извештаи се наведува дека банките ги исполниле сите барања на британските даночните закони и дека даночните плаќања може да варираат и да ја одразуваат добивките и загубите за преодните години.

Лаура Ламбе од фирмата за инвестициско управување „Investec“ коментира за „ВВС“ дека банките не платиле или платиле мал данок поради неколку причини.

„Случајот со „Deutsche Bank“ покренува прашања зошто не плаќа даноци во Велика Британија. Кај некои од другите банки тоа е затоа што тие имаат големи загуби од претходните години“, вели таа.

Ламбе смета дека постои „еден вид морален проблем“ за банките, иако банкарските службеници носат голема „порција“ од приходите од даноците на Островот.

Според неа поради казните за манипулациите на девизниот пазар или за каматните индекси како „Libоr“ или поради погрешно продадените производи, банките се уште формираат голем дел од приходите на британските даночни власти.

Можноста големите банки да ги компензираат претходните загуби во однос на тековните добивки беше ограничена од британската влада во 2014-та година. Во декември министерот за финансии Џорџ Озборн изјави дека „големината на добивката, која може да биде засенета од загубите кои се пренесени напред“, може да биде ограничена до 50% од нивните приходи во даночната 2015-2016-та година.

Но со буџетот за 2015-та година банките добија добри вести кога Озборн го предложи данокот на добивка да биде намален до 19% во 2017-та година и 18% во 2020-та година.

За разлика од некои земји, Велика Британија нема временски ограничувања за тоа колку долго една компанија може да се потпре на претходните загуби пред да ги користи.

Од јануари 2016-та година банките на Островот ќе мора да плаќаат 8% дополнително врз профитот. Оваа такса се јавува како алтернатива на банкарската должност врз сметките предложена за прв пат од Џорџ Озборн во јануари 2011-та година, која ќе се намалува во наредните шест години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП