7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМонодрама на Петар Темелковски во Велешкиот театар

Монодрама на Петар Темелковски во Велешкиот театар

petar-temelkovski

Денес, на малата сцена на Театар „Џинот“ Велес, со почеток во 20 часот, а во рамки на манифестацијата „Велес-Град на културата“, гостува монодрамата „Јане Сандански 100 години после“, во изведба и режија на актерот Петар Темелковски.

Поводот за постановката на монодрамата е еден век од загинувањето на Сандански и во неа се користени архивски материјали за македонската историја од македонски историчари.

Претставата има емотивен пристап и поетична димензија, а во неа актерот Темелковски внесува и свои коментари, со што ја прави монодрамата не само сувопарна хронологија на историските настани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП