5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМајка Тереза ќе биде прогласена за светица

Мајка Тереза ќе биде прогласена за светица

majka tereza 3934

Папата Франциск и го призна второто чудо на скопјанката Мајка Тереза, познатата хуманитарка ќе биде прогласена за светица.

Според католичкиот весник „Avvenire“, канонизацијата ќе биде извршена на 4 септември 2016 година, како јубилејна година на милосрдието, но и годишнината од нејзината смрт.

Мајка Тереза е добитничка на Нобеловата награда за мир, а починала во 1997 година, на 87-годишна возраст.

Во тоа време нејзиниот ред на Мисионери на милосрдието во Калкута имал повеќе од 4.000 калуѓерки и одржувал речиси 600 сиропиталишта, народни кујни, прифатилишта за бездомници и болници ширум светот.

Мајка Тереза е родена во Скопје, како Агнеса Гонџа Бојаџиу во 1910 година, а е прогласена за блажена во 2003 година во Рим, откако Ватикан утврди дека Индијка го излечила туморот со помош на молитвите на Мајка Тереза.

За да биде канонизирана било потребно уште едно чудо, а Папата го признал како необјасниво излекувањето на Бразилец кој бил во кома поради тумор на мозокот, чудо кое се случило кога неговата жена и се молела на Мајка Тереза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП