13 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Поезија и вино“, сеќавање на Гане Тодоровски

„Поезија и вино“, сеќавање на Гане Тодоровски

poezija-poetska-vecer

На поетска вечер  под наслов „Поезија и вино“, денес од 20 часот, триесетина автори, членови на Друштвото на писателите на Македонија, со свои стихови ќе му оддадат почит на големиот македонски поет Гане Тодоровски (1929 – 2010).

На боемската вечер, што ќе се одржи во посебна атмосфера во ресторанот „Јоле“, повеќемина актери, сликари, музичари, новинари и писатели ќе евоцираат спомени за Гане Тодоровски. Средбата ќе ја овори Раде Силјан, претседател на Собранието на ДПМ.

„Поезија и вино“ се одржува во рамките на традиционалната манифестација „Ганеви денови“ на која ДПМ учествува со својот поетски караван.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП