10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвробарометар: Корупцијата годишно ја чини ЕУ 120 млрд евра

Евробарометар: Корупцијата годишно ја чини ЕУ 120 млрд евра

Corruption_in_Europe

Корупцијата е сериозен предизвик за сите општества, при што исклучок не се ниту Европската унија и нејзините членки коишто годишно ги чини околу 120 милијарди евра, покажува извештајот на Евробарометар објавен во средата по повод одбележувањето на 13-от Меѓународен ден на борбата против корупцијата.

„Корупцијата е сериозен предизвик за сите општества и ЕУ не е исклучок, иако видот на корупцијата варира, кумулативниот ефект на корупцијата врз ЕУ како целина е значаен, а целата корупција за ЕУ и нејзините земји членки на годишно ниво изнесува 120 милијарди евра, само незначително помалку од годишниот буџет на Унијата“, се истакнува во извештајот на Евробарометар кој го објави Европската комисија.

Истражувањето било насочено на нивото на корупција кое го искусиле работодавачите кои вработуваат едно или повеќе лица во шест клучни стопански сектори: енергетика, рударство, нафтата и гасот, хемиската индустрија, здравството и фармацевтската индустрија, инженерството и електрониката, производството на моторни возила, градежништвото, телекомуникациите и ИТ технологиите, финансиските услуги, банкарството и вложувањата.

Со истражувањето е опфатена цела низа области, како што се зачестеноста на коруптивната практика, особено на тендерите и постапките за јавни набавки, митото и корупцијата во политичките партии и поткупувањата високи функционери, како и начините на коишто поедини земји се справуваат со корупцијата и како ја казнуваат.

Кога станува збор за проблемите во работењето, четири од десет компании – или 40 отсто, тврдат дека корупцијата им претставува проблем при работењето во својата земја, но не и главниот.

„Најчестиот проблем кој го споменуваат компаниите при работењето се даночните стапки (67 отсто), постојаното менување на законите и политиките на работење (64 отсто) како и сложеноста на административната процедура (62 отсто)“, се наведува уште во извештајот. Тие проблеми, меѓутоа, се помалку изразени отколку во извештајот од февруари 2014 година, кој се однесуваше на проблемот на корупцијата во ЕУ во текот на претходната година, Најмногу со споменатите проблеми во работењето се среќаваат компаниите во градежништвото и енергетиката.

Непотизмот и патронатот е најголем проблем во работењето за дури околу 70 отсто од компаниите во Романија, Грција и Бугарија, додека следи Хрватска каде со тој проблем се среќаваат 50 отсто компаниите. За разлика од овие земји, во Данска со непотизам се соочуваат 4 проценти од компаниите, а Во Велика Британија – 5 отсто.

Во десет земји членки на ЕУ, најмалку половината од компаниите ја наведуваат корупцијата како еден од проблемите во своето работење, а предничат компаниите во Романија и Грција (со 74 отсто), Бугарија (61 отсто), Италија (60). Најмалку на корупцијата се жалат компаниите во Данска (2 отсто), Велика Британија (8 отсто), Шведска (11 отсто), Естонија и Финска (16 отсто) и во Ирска – 17 отсто.

Во однос на минатиот извештај, состојбата се поправила во Чешка и во Португалија, а се влошила во Бугарија и во Италија.

Кога станува збор за раширеноста на корупцијата во сопствените земји, 71 отсто од компаниите тврдат дека корупцијата е широко распространета, додека 24 отсто од нив сметаат дека е ретка појава. Во Данска 11 отсто од компаниите тврдат дека корупцијата е раширена во тамошната власт, за разлика на пример од Италија каде што тоа го тврдат дури 98 отсто од компаниите. Во Хрватска 90 отсто до компаниите ја наведуваат раширената корупција како проблем во работењето, и оваа држава е во групата со Кипар, Бугарија, Грција, Романија и Шпанија.

На прашањето за најчестите коруптивни активности, компаниите најмногу го наведуваат фаворизирањето на членови на семејствата и пријателите, затајувањето на даноците и неплаќањето на ДД, фаворизирањето на семејството и пријателите во јавните институции и финансирањето на политичките партии во замена за договори за работа и политичко влијание.

Во 18 земји членки на ЕУ, половината од компаниите наведуваат барем три коруптивни практики како многу раширени, а најмногу такви компании има во Шпанија (82 отсто), Франција (65 отсто), Малта (61 отсто), и во Хрватска и Австрија (по 60 отсто).

Апсолутно мнозинство компании во 22 земји од ЕУ, што значи од 75 отсто на нагоре, сметаат дека се многу раширени митото и злоупотребата на власта меѓу функционерите на национално ниво.

За тесната поврзаност на политиката и деловниот сектор, во сите земји членки на ЕУ, со исклучок на Данска, најмалку половината од компаниите сметаат дека постои преголема поврзаност меѓу политиката и бизнисот, чијшто краен исход е корупцијата. Во тоа се убедени по 92 отсто од компаниите во Грција и во Италија, и по 90 отсто од компаниите во Хрватска, Шпанија и Бугарија. Дека фаворизирањето и корупцијата се пречката за деловната конкурентност сметаат дури 86 отсто од компаниите во Хрватска, а пред нив е само компаниите од Португалија со 90 отсто.

Во однос на казнувањата за помали корупциски дела, на ниво на Европската унија половина од компаниите сметаат дека корупцијата примерно се казнува, додека другата половина тврди дека не се казнува доволно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП