9 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМаратонско читање во живо на „Војна и мир“

Маратонско читање во живо на „Војна и мир“

vojna-i-mir

Руски филмски ѕвезди, космонаут и француската актерка Фани Ардан се меѓу 1.300-те луѓе кои во живо и во континуитет  ќе го читаат класикот „Војна и мир“ на Лав Николаевич Толстој.

Со директен пренос на интернет во организација на руската државна телевизија, овој читачки маратон ќе трае 60 часови.

Некои делови од романот ќе бидат читани на локации на коишто е сместено дејствието на романот, како што е боиштето Бородино, јаде во 1812 година силите на францускиот император Наполеон се судриле со руските царски војски.

Романот „Војна и мир“ е објавен во 1869 година, Во едно од најголемите дела на руската и светската книжевност се следата животите на руските аристократски семејства во времето на француската инвазија врз Русија од првата половина на XIX век.

Меѓу оние кои ќе читаат делови од делото на Толстој се средношколци, спортисти, научници и војници. Рускиот астронаут Сергеј Волков ќе чита од Меѓународната вселенска станица (ISS).

Меѓу нив ќе биде и праправнукот на Толстој, кој ќе чита од Јасна Полјана, каде што живеел Толстој.

Обемот на ова читање е без преседан во историјата и во светот, тврдат организаторите на интернет страницата voinaimir.com.

„Географскиот дел е неизмерлив, од Вселената до Калининград и Камчатка, од Земјата на Франц Јосиф (на Арктик) од Лондон и Париз“, истакнуваат организаторите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП