12 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПрва македонско - турска телевизиска копродукција на новогодишна музичка програма

Прва македонско – турска телевизиска копродукција на новогодишна музичка програма

mak-tur

Во Битола на сцената на Центарот за култура деновиве заврши снимањето на првата македонско-турска телевизиска копродукција на новогодишна музичка програма.

Овој телевизиски проект го реализираат Тера Телевизија од Битола и Тек Румели ТВ од Истанбул, Турција, телевизија која со својата програма го покрива речиси целиот Балкан.

Новогодишната музичка програма на гледачите на Тера Телевизија и на турската телевизија Тек Румели ќе им понуди скоро двоиполчасовна музичка разгледница од македонската и турската музичка сцена со популарните музички групи „Љубојна“ и „Фонтана“ и пејачите Гамзе Матраџи и Меџит Шенол кое се популарни на турската музичка сцена, но и пошироко во регионот. Низ програмата ќе ве водат Неда Маретиќ и Јусуф Емин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП