13 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЖива библиотека во Битола

Жива библиотека во Битола

ziva-biblioteka

Во чест на 5-ти декември, Меѓународниот ден на волонтирањето, во сабота во организација на Здружението за младински активизам Младинска визија во партнерство со НУУБ „Свети Климент Охридски” Битола, во  просториите на библиотеката точно напладне ќе се одржи настанот именувана „Жива библиотека

„Живата библиотека“ е отворена за читателите коишто имаа можност да позајмат личност наместо книга и да поразговараат и да дознаат повеќе околу нејзината животна приказна.

„Читањето живи книги“ е охрабрено од чувството на екстра љубопитство за соочување со своите предрасуди, испитување на своите ставови, дознавање автентични животни приказни и доаѓање во допир со друга реалност, којашто често е ретко видлива.

Станува збор за иновативен метод со кој се промовира дијалог и разбирање. Активноста се состои од неформален разговор и преку комуникација се добиваат повеќе информации. „Книга“, всушност е лице кое е избрано и доброволно сака да биде претставник на група.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП