Сообраќајот на сите патните правци низ државата се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
На патниот правец Маврово-Дебар, кај бензинската пумпа на Макпетрол, во близина на Манастирот Бигорски се одронила поголема карпа, па сообраќајот наместо по патот се одвива преку бензинската пумпа.
Поради снимање на францускиот филм „A Fond”, во четврток и во петок, ќе биде затворен дел од автопатот А1, поточно делницата од Градско до Неготино, во периодот од 05:00 до 18:00 часот. Сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат со соодветна сигнализација.