6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради минирање попладне прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Поради минирање попладне прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид

avtopat152

Сообраќајот на сите патните правци низ државата се одвива по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево – Охрид, кај Извор, сообраќајот ќе биде во прекин 15 – 20 минути во период помеѓу 15:00 до 17:00 часот, додека поради снимање на францускиот филм “A Fond” затворен ќе биде делот од автопатот А1 од мотел Македонија до Градско во периодот од 05:00 до 18:00часот. Сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат со соодветна сигнализација.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП