4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија во проблеми, мерките едноставно не делуваат

Јапонија во проблеми, мерките едноставно не делуваат

japan fabrika 303

Фабричкото производство во Јапонија во август неочекувано падна втор месец по ред.

Ова е потврда дека забавувањето на економскиот раст на Кина и слабата домашна потрошувачка ги загрози напорите на јапонскиот премиер Шинзо Абе да ја покрене третата најголема светска економија.

Падот на индустриското производство од 0,5 отсто следеше по негативните податоци од јули и беше под пазарните очекувања за раст на индустријата во август.

„Денешните податоци потврдуваат дека економското закрепнување застана. Остануваме при ставот дека централната банка на Јапонија следниот месец ќе го зголеми темпото за откуп на средства“, вели Марсел Тејлон од компанијата „Капитал економикс“.

Шемата на централната банка на Јапонија за годишен откуп на 80 илјади милијарди јени (665 милијарди долари) вредни државни средства, слично како програмата за квантитативно ослеснување на Федералните резерви на САД (Фед), беше еден од клучните столбови на политиката на Абе.

Меѓутоа, минатогодишното подигнување на данокот на промет во Јапнија ја погоди домашната потрошувачка, ја поткопа побарувачката на производите на јапонските компании.

Најновите разочарувачки податоци се доказ дека програмата на Абе за потикнување на економскиот раст, познат како „Абеномикс“, не даде резултати, откако минатонеделните податоци го покажаа првиот пад на потрошувачките цени за повеќе од две години.

Економијата на Јапонија во вториот квартал од тековната година забележа пад поради забавувањето на растот на нејзиниот клучен трговски партнер, Кина, како и поради слабата домашна потрошувачка и забавувањето на темпото на извоз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП