6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМали акционери: Макпетрол не ги демантираше нашите обвинувања

Мали акционери: Макпетрол не ги демантираше нашите обвинувања

makpetro

Менаџментот на АД Макпетрол, со изнесениот став, само го потврдува она што го кажавме со докази и не демантира ниту едно од нашите обвинувања за мобингот кој беше вршен врз нас и за отказите кои нерегуларно ни беа делени само затоа што се осмеливме да му дадеме полномошно на адвокат да ги застапува нашите интереси на акционерските собранија, велат од групата на 16 мали акционери.

Оваа група на мали акционери во четвртокот се приклучија кон тужбата против менаџментот на компанијата Макпетрол.

Макпетрол само потврдува дека продолжува незаконски да ги узурпира правата на акционерите и да го погазува нивното достоинство и се исмева со тврдењата дека „акционерите редовно и транспарентно се информирани за деловните резултати на Компанијата, финансиските и други показатели, и имаат увид во сите соодветни внатрешни ревизии, надворешни контроли и ревизорски извештаи“. Нам не ни е дозволено ниту да присуствуваме на собранијата кои траат по 10 минути и на кои секогаш се гласа „за“, се вели во соопштението.

Малите акционери тврдат дека доставиле забелешки и прашувле зошто има загуби при огромни профити и нема дивиденда, како и дека  во јуни 2013 година, на Собранието на акционери, истапиле против одобрувањето на зделката меѓу Макпетрол и Оилко.

„Ние и понатаму ќе продолжиме да се бориме за нашите права како акционери и повторно ги охрабруваме сите други акционери да му се спротивстават на самоволието на менаџментот, бидејќи ние сме сопствениците, а директорите се менуваат и сакаме одговорност за оние кои ни нанесоа штета“, се вели во соопштението доставено до медиумите во неделата.

Претходно Макптерол соопшти дека најголемиот број акционери се задоволни од работењето на компанијата и сметаат дека со нивните акции соодветно се управува.

Лицата кои се појавија во јавноста претставуваат незначителен дел од акционерската структура на Макпетрол АД. Нивните тврдења претставуваат паушални и неточни обвинувања кои со ништо не се аргументирани, стоеше во соопштението од Макпетрол АД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП