6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК одобри помош од 2,4 милијарди евра за земјите кои се соочуваат...

ЕК одобри помош од 2,4 милијарди евра за земјите кои се соочуваат со голем прилив на мигранти

Berlaymont Building Brussels Belgium

Европската комисија (ЕК) одобри помош од 2,4 милијарди евра низ шест години за земјите кои се соочуваат со потешкотии од големиот прилив на мигранти, како што е тоа случајот со Грција и Италија, пренесуваат светските агенции.

Италија ќе добие најголема помош, скоро 500 милиони евра, додека пак, на Грција ќе и припаднат 473 милиони евра. Имигрантската криза ескалираше оваа година кога илјадници мигранти од Блискиот Исток и Африка побараа азил во Европската унија.

Во францускиот град Кале, влезната точка за бегалците кои низ евротунелот илегално се обидуваат да влезат од Франција во Велика Британија, во јули и август биле забележани и неколку смртни случаи на овие мигранти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП