26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле: Нема отпишување на грчкиот долг

Шојбле: Нема отпишување на грчкиот долг

shojbleble1

Германскиот министер Волфганг Шојбле денеска изјави дека усвојувањето на реформите во грчкиот парламент е „важен чекор“, но дека нема да има директно намалување на долгот на Грција, бидејќи тој не е поврзан со останувањето на таа земја во еврозоната.

Тој за радиото „Дојчландфунк“ изјави дека во преговорите со Атина ќе биде утврдено дали новиот пакет воопшто е можен, имајќи ги во предвид зголемените потреби на Грција.

„Ќе ги отвориме преговорите, ќе направиме се што можеме, но мораме да се држиме до правилата бидејќи Европа е заснована на принципите на демократија и владеење на правото“ – изјави германскиот министер.

Тој додаде дека тешко ќе се постигне грчкиот долг да стане одржлив.

„Во овој момент никој не знае дали тоа може да се направи без отпишување на долгот, а сите знаат дека отпишувањето на долгот е некомпатибилен со членството во монетарната унија“, изјави Шојбле.

Грчкиот парламент доцна синоќа ги усвои мерките за штедење кои ги бараат кредиторите за да одобрат нов пакет на финансиска помош за останување на Атина во еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП