6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈацењук: Украина може да ја замрзне отплатата на надворешниот долг

Јацењук: Украина може да ја замрзне отплатата на надворешниот долг

jacenjuk-vladnews

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук повторно предупреди дека неговата земја ќе ја замрзне отплатата на надворешниот долг во случај на неуспех на преговорите со кредиторите за неговото реструктуирање.

„Украина, надворешниот и внатрешниот долг ја чинат исто колку и конфликтите на истокот од земјата. Нашиот буџет тоа повеќе не може да го поднесе. И не само буџетот. Ниту украинскиот народ не може повеќе вака да живее“, изјави Јацењук на седницата на Владата.

Украинскиот премиер изјави дека неговата влада „не сака да извлекува пари од народот за да го исплати надворешниот долг“, пренесоа украинските медиуми.

Владата на Украина на средината на мај се закани дека ќе ја замрзне исплата на долгот во случај на неуспех во преговорите со кредиторите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП