3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Грција повторно расте

Невработеноста во Грција повторно расте

bosnanevraboteni5698597464gs

Невработеноста во Грција во првиот квартал оваа година повторно порасна и достигна стапка од 26,6 проценти од работоспособното население, додека во претходниот квартал изнесуваше 26,1 проценти, покажува официјалната статистика.

Во соопштението статистичкиот Завод потсетува дека стапката на невработеност во Грција во првиот квартал минатата година кулминирала на 27,8 проценти, пренесува Ројтерс.

Според најновите прогнози на Европската комисија, бруто домашниот производ на оваа земја, кој е намален за една четвртина во периодот од шест години, би требало да порасне за 0,5 проценти во тековната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП