22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДа се стави крај на привилегираноста на должниците!

Да се стави крај на привилегираноста на должниците!

Нов обид да се промени Законот за облигациони односи. Овој пат до Уставниот суд Иницијатива за оценување на уставноста поднесе бизнисменот Доне Лазаревски кој смета дека членот 368 од законот има негативно влијание врз функционирањето на фирмите. Досега до Уставен пристигнаа неколку Иницијативи кои имаа иста цел, промена на според нив спорниот дел во законот кој за многумина е недоречен и мора да се доработи. Освен поединци, овој член од Законот за облигациони односи го спореа и Стопанската комора како и Адвокатската комора во Македонија.

Мора да се стави крај на праксата која ја дозволува член на Законот за облигациони односи кои предвидува привилегирана положба на должниците во однос на застарувањето на долговите. Поради ваквата состојба до Уставниот суд пристигна нова Иницијатива за оценување на уставноста на ваквото законско решение. Дел од компаниите со овие законски измени се генерираат загуби по основ на отпис на долгови и по неколку милиони евра, што ќе се одрази негативно врз натамошното работење, а ќе влијае и врз зголемувањето на цените на услугите. Најновата иницијатива е поднесена од стопанственикот Доне Лазаревски, а во неговото образложение тој наведува дека спорниот закон негативно влијае врз работењето на фирмите, со оглед дека стоките уредно се испорачувани, а не можат да се наплатат како резултат на застарувањето на долгот. 

„Овие измени нè доведуваат во положба дека е подобар избор да не се работи и да не се вложува во стопанството, отколку да се соочиме со загуба на сопственоста поради законска заштита на должниците да не го подмируваат долгот. Со донесување на законските измени за застареноста јас како сопственик на микропретпријатие повеќе од триесет години, кое уредно плаќа даноци, придонеси и други потребни давачки кон државата, сум принуден да престанам со работа, поради непостоењето на правната заштита на сопственоста и непостоење на правна сигурност“, се вели во иницијативата.

Реакцијата пак на правните експерти е дека и покрај тоа што овој член од законското решение е на сила цела година, во пракса не дава никакви резулати, односно е неприменлив. Поради тоа се поднесуваат Иницијартиви до Уставниот суд, со намера судиите да препознаат противуставност во законскотот решение.

„Се создава една голема правна несигурност и правен релативизам во примената на овој закон во целина, затоа што одредбите на Законот за облигациони односи што се изменети се во колизија со други одредби во истиот закон но и со други закони како и со законот за извршување. На тој начин се создава една правна колизија која доведува до правна несигурност”, вели адвокатот Љупчо Кузмановски.“

Против ова законско решение алармираа и дел од стопанските комори кои потенцираа дека има проблеми во наплатата на побарувањата помеѓу компаниите од приватниот сектор. Со тоа се нарушува финансиската дисциплина, а тоа влиае врз ликвидноста на фирмите.

Ова е трета иницијатива која се однесува на овие законски измени на Законот за облигациони односи. Претходно адвокатот Љупчо Кузмановски  поднесе иницијатива до Уставниот суд, а таа е втора иницијатива за преиспитување на уставноста на Законот за облигациони односи. Минатиот месец до Уставниот суд беше поднесена иницијатива за истиот член од овој закон од страна на Предраг Баришиќ.

 За овој член од Законот за облигациони односи реагираше и Стопанската комора и Реагираа и Адвокатската комора од каде на неколку наврати истакнаа дека ќе имаат тешкотии во работењето и дека се нанесува голема штета во стопанството.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП