4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Швајцарија 3,2 проценти

Невработеноста во Швајцарија 3,2 проценти

shvajcarijajm8fu38yhrg32

Невработеноста во Швајцарија продолжи со намалувањето и во мај, па бројот на кандидати за работа е намален за 4,872 лица во однос на април, на 136,349 лица, соопшти швајцарскиот Секретаријат за економија (SECO).

Стапката на невработеност во мај е намалена за 0,1 процентен поен и изнесувала 3,2 проценти од работоспособното население, пренесува швајцарскиот весник 20 минути.

Кога ќе се исклучи сезонскиот прилив на вработеност, стапката на невработност покажува стабилно ниво во однос на април и изнесува 3,3 проценти, прецизираат од SECO.

Тие додаваат дека позитивниот сезонски ефект на нивото на вработеност во мај дошол најмногу од секторот градежништво и хотелиерство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП