4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција достави контрапредлог до кредиторите

Грција достави контрапредлог до кредиторите

grcka

Грција утринава до кредиторите, Европската Унија и Меѓународниот монетарен фонд достави нов предлог реформи, само еден ден пред разговорот на грчкиот премиер Алексис Ципрс со лидерите на Франција и Германија за начинот на завршување на грчката должничка криза, изјави еден неименуван европски извор.

„Кредиторите сега се во фаза на разгледување на листата со контра-предлози“ кои се доставени два дена откако претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, го обвини Ципрас дека не го исполнил ветувањето дадено на минатонеделниот состанок и не доставил до Брисел листа со алтернативни реформи, пренесува агенцијата Франс прес.

Од Европската комија за Ројтерс е потврдено дека утрово пристигнал предлогот од грчките претставници.

Како што пишува британскиот весник Гардијан, официјална Атина во новата листа предложила европскиот спасувачки фонд, Европскиот стабилизационен механизам, да и овозможи помош и да купи 6,7 милијарди евра вредни грчки обврзници во сопственост на Европската централна банка со рок на доспевање во јули и август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП