6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради минирање во прекин ќе биде сообраќајот кај Пресека

Поради минирање во прекин ќе биде сообраќајот кај Пресека

soobrakaj-tekovno

Сообраќајот на патиштата низ Македонија се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Поради изведување на градежни работи (минирање), во периодот од 15 до 16 часот во прекин ќе биде сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, кај месноста Пресека – Врбјани.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП