28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата под влијание од преговорите за Иран

Цената на нафтата под влијание од преговорите за Иран

nafta 300

Цената на нафтата повторно благо ослабна денес на светските берзи пред велигденските празници, спуштајќи се под 57 долари под влијание од продолжувањето на преговорите на Иран и западните држави што би резултирало со дополнително зголемување на понудата.

На лондонската берза цената на барелот падна 30 центи во однос на претходното затворање, на 56,80 долари. Во средата го заклучи тргувањето во плус 1,99 долари. На американскиот пазар со барелот се тргува по 25 центи пониска цена, од 49,84 долари.

Вчера тргувањето го заклучи во плус 2,45 долари.

Во петокот повеќето финансиски пазари ќе бидат затворени поради велигденските празници.

Цената на лондонската и на американската берза во средата го заврши тргувањето во плус пет отсто откако најновите податоци од САД покажаа пад на производството во минатата недела, прв пат за два месеца. Производството се намали за 0,4 отсто, на 9,4 милиони барели дневно, покажуваа податоците на американската влада.

Преговорите притоа се продолжија и го пробија договорениот рок во вторник на полноќ, а дипломатите истакуваат дека шансите да се постигне рамковен договор во следните неколку часа се 50:50.

Техеран се надева на договор кој би резултирал со укинување на економсите санкции.

Американскиот министер за надворешни работи Џон Кери и неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер изјавија во Лозана, кадешто се водат преговорите, дека ќе опстојат во настојувањата со Иран да склопат политички договор. Тоа би било исчекор на патот кон конечен договор кој би требало да се склучи до крајот на јуни.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф рече дека е остварен „значителен напредок“, но дека треба да се продолжи со разговорите.

Покрај можноста од враќањето на пазарот на голема количина иранска нафта, пазарот го притисна и податокот од неделниот извештај на американската влада дека залихите на нафта повторно пораснале во минатата недела, 12-та недела по ред, достигнувајќи ново рекордно ниво од 471,4 милиони барели.

Во меѓувреме OPEC на својата интернет страница објави дека цената на барел кошничка нејзина нафта изнесувала 52,48 долари, што значи дека пораснала за 1,42 долари во однос на претходниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП