8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на Волстрит, доларот во раст

Пад на Волстрит, доларот во раст

Wall-Street1

Цените на акциите паднаа во четвртокот на Волстртит, по силниот раст претходниот ден, бидејќи курсот на доларот зајакна, што ги поттикна стравувањата во врска со добивката на компаниите и предизвика пад на цените на суровините, поради што под притисок се најдоа рударскиот и енергетскиот сектор.

Dow Jones ослабна 117 поени или 0,65 отсто, на 17.959 поени, додека S&P 500 се спушти 0,49 отсто, на 2.089 поени.  Nasdaq зајакна, пак, 0,9 отсто, на 4.992 поени.

Падот на цените на акциите пред се е последица на јакнење на доларот, кој во четвртокот надомести поголем дел од загубата од претходниот ден.

Вчера курсот на доларот достигна 120,75 јени, откако претходниот ден прв пат се спушти под 120 јени. Курсот на еврото, пак, падна 1,1 отсто на 1,0680 долари.

Во средата поради падот на доларот значително поскапеа сите суровини, чии цени се искажани во американската валута. Но, вчера поради јакнење на доларот, значително поскапеа цените на суровините и на нафтата, поради што под притисок се најдоа рударскиот и енергетскиот сектор.

На американската берза цената на нафтата падна за речиси два отсто, а во Лондон за над 2,5 отсто. S&P индексот на енергетскиот сектор падна вчера за 1,7 отсто, по скокот од претходниот ден за 2,9 отсто.

Еуфоријата на берзата, која во средата беше поттикната од пораката на Фед дека е поизгледно каматите да биде зголемени на есен отколку во јуни, бргу спласна.

„Темпото на зголемување на каматите ќе биде побавно од што се мислеше. Тоа во средата беше прославено на берзата, но сега повторно се постави прашањето-што следува?, вели Кевин Керон, стратег во компаијата Stifel, Nicolaus & Co.

Доколку продолжи доларот да расте тоа би претставувало проблем за многу американски мултинационални компании, бидејќи нивните производи на светскиот пазар стануваат помалку конкурентни и им се намалуваат приходите и добивката.

Помалку загрижува и состојбата во американската економија бидејќи податоците што беа објавени вчера покажуваат дека на почетокот на годината забавува растот по силниот замав во второто полугодие од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП