4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБундестагот одбори продолжување на помошта на Грција

Бундестагот одбори продолжување на помошта на Грција

bundestag

Долниот дом на германскиот Праламент, Бундестагот, денеска со големо мнозинство го одобри четиримесечното продолжување на програмата за финансирање на Грција, со псоебен нагласок на учесниците во парламентарната расправа дека Атина мора да ги почитува преземените обврски.

„За“ продолжување на помошта за Грција се изјаснија 542 од вкупно 631 пратеник во Бундестагот.

На гласањето му претходеше обраќање на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле кој апелираше до пратениците да го демонстрираат „европското единство“, нагласувајќи дека не станува збор за нов пакет-помош за Грција.

– Не се работи за нова помош, ниту има какви било измени, туку ова е само давање дополнително време постоечката програма да се спроведе до крај, изјави Шојбле, во повикот до пратениците да го поддржат продолжување на финасирањето на Грција, мерка на која според анектите се противат мнозинството Германци.

Шојбле нагласи дека Грција „не може да најде некого за да и позајми пари, затоа што никој не и верува“, додавајќи дека цела на продолжувањето на програмата е Атина да се доведе во состојба да ја поврати довербата на финансиските пазари.

– Ние во Европа сме една заедница. Германија мора да направи се за европското единство, порача Шојбле, додавајќи дека солидарноста не значи уценување, туку „сите заедно одговорно да дадат свој придонес“.

Германскиот министер за финансии и порача на Грција дека основа за продолжувањето на договорот е пакетот реформи што ги достави грчката Влада и кон кој, според него, Атина мора цврсто да се придржува. с

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП