6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДајселблум: Грција побара продолжување на програмата

Дајселблум: Грција побара продолжување на програмата

dajselblum1

Холандскиот министер за финансии и претседателот на еврогрупата, Јерун Дајселблум потврди во четвртокот дека Грција побарала шестмесечно продолжување на програмата за финансиска помош, но не изнесе детали за условите кои ги побарала Атина.

„Примивме барање од Атина за шестмесечно продолжувае на програмата за помош“, напиша Дајселблум на Твитер.

Меѓународните кредитори бараа од новата грчка влада да ја продолжи постоечката програма за помош, но официјална Атина во повеќе наврати го одби ваквиот повик, наведувајќи дека ќе бара поинаков кредитен аранжман.

Меѓутоа, како што изјави еден неименуван извор од владата во Атина, Грција денеска формално побарала од Европската унија продолжување на програмата која на владата на премиерот Алексис Ципрас би и овозможило дополнително време за изработка на нова програма за реформи, поинаква од досегашната програма на ригорозно штедење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП