6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД и предвидуваат тешки времиња на Грција ако не се договори со...

САД и предвидуваат тешки времиња на Грција ако не се договори со ЕУ

G

САД ја предупредија во средата Грција дека ја очекуваат „тешки времиња“ доколку со Европската унија не се договори за финансирање на земјата којашто од 2010 година заради длабоката финансиска криза е под меѓународно туторство.

„Доколку не биде постигнат договор за Грција веднаш ќе настапат тешки времиња“, оценува американскиот министер за финансии Џејкоб Ли, се наведува во транскриптот од телефонскиот разговор кој во средата го водеше овој функционер на американската администрација и грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, дознава AFP.

Европската унија на новата влада предводена од радикалната левица во Атина и дава рок до петок да побара продолжување на меѓународната програма за помош која е на сила од 2020 година, а е проследена со драстичните мерки на штедење и реформи, коишто премиерот Алексис Ципрас водејќи се од своите предизборни ветувања не сака повеќе да ги спроведува.

„Времето истекува“, рекол Ли во разговорот со Варуфакис, според портпаролот на американскиот министер кој ја повикал Атина да изнајде „конструктивен начин да ја продолжи соработката“ со меѓународните и со европските доверители, односно со Европската комисија, Европската централна банка (ECB) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ- IMF).

Според AFP, се чини дека со ова Вашингтон го зголемува притисокот врз Атина, откако минатата седмица се ограничи само на апели „до сите страни, да застанат на топката“ и да постигнат договор. „Несигурноста не е добра за Европа“, додал Ли, според неговиот портпарол.

На почетокот од февруари, само една седмица по предвремените парламентарни избори по коишто владата ја формираа коалицијата на радикалната левица Сириза и партијата од крајната десница Независни Грци, ја поддржа владината политика против мерките за штедење, велејќи дека Грција повеќе не треба да биде изложувана на притисокот, имајќи го предвид вложувањето на животниот стандард на грчките граѓани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП