28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски – Вучиќ: Одличните политички односи се стабилна основа за надградба на...

Груевски – Вучиќ: Одличните политички односи се стабилна основа за надградба на економската соработка

Untitled

Македонија и Србија имаат одлични политички односи, а истите претставуваат и основа за надградба на економските односи меѓу двете земји, согласни македонскиот премиер Никола Груевски и неговиот српски колега Александар Вучиќ, откако двете влади во понеделникот во Скопје одржаа заедничка седница.

„Одржувањето на втората заедничка седница во Скопје, по првата што се одржа во Белград, е уште една потврда за континуитетот и одлична соработка меѓу двете држави.

Македонија и Србија се пријателски земји, одличните политички односи даваат стабилна основа за понатамошна надградба на економската соработка, што претставува приоритет на двете влади. Подобро економско поврзување може да се оствари преку реализација на конкретни проекти и на инфраструктурно и енергетско поврзување. Двете земји континуирано ќе продолжат со активностите за зголемувањето на трговската размена. Уверени сме дека на евроинтегративниот пат, ние земјите од регионот треба заеднички и посветено да работиме, а исто така и во процесот на јакнење на дијалогот за затворање на отворените прашања од минатото, со почитување на принципите на меѓународното право и јакнење на добрососедството“, изјави Груевски.

Според српскиот премиер Вучиќ, двете земји имаат заеднички интереси во многу сфери, а во моментот остваруваат и многу заеднички проекти од областа на енергетиката и инфраструктурата.

„Во сите сфери најдовме можност за заеднички интереси, добро е за Македонија и Србија кога говориме за заедничките проекти како што се набавувањето на заеднички вакцини со што и двете земји ќе заштедат средства, потоа и околу тоа да се завршат прашањата за Коридорот 10. Од особено големо значење е што работиме на голем број проекти од областа на енергетиката. Многу го почитуваме тоа што се работи во Македонија и растот што Македонија го прави. Ние ја немаме таа можност да говориме дека овие земји се големи, а овие се мали и прифаќаме и учиме се од она што се случува во Македонија, не се срамиме од тоа и сме горди на тоа. Сите паметни луѓе учат од оние што мислат дека можат да научат и ние многу учиме од нашите македонски партнери и се надевам дека тие ќе имаат можност некогаш да научат нешто од нас“, изјави Вучиќ.

Министрите од двете земји по заедничката седница потпишаа и седум договори за унапредување на соработката во областите на економијата, туризмот, железничкиот сообраќај, образованието и науката, надоврешната трговија, животната средина и културата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП