6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ смета дека постојат мали шанси за договор со Грција

ЕУ смета дека постојат мали шанси за договор со Грција

Belgium Nobel Peace

Европската унија (ЕУ) смета дека мали се шансите Брисел да постигне каков и да е договор со новата грчка влада, пренесува AFP.

Во Брисел во среда ќе се одржи вонреден состанок на министрите за финансии на земјите од Еврозоната, а во четврток ќе се состане и Европскиот совет. Претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер е во близок контакт со грчкиот премиер Алексис Ципрас и останатите лидери од Еврозоната, но овие контакти засега не вродиле со плод, навела портпаролката на ЕК, Мина Андреева.

Сепак, таа ги отфрлила шпекулациите за можното излегување на Грција од европската монетарна унија, наведувајќи дека Јункер веќе отфрлил таков исход.

„Излегувањето на Грција од Еврозоната не е сценарио кое се разгледува. Единствениот план на кој се работи е околу тоа како Грција да остане дел од Еврозоната“, навела таа.

Официјална Атина е под притисок што поскоро да пронајде заеднички јазик со меѓународните кредитори кои и позајмија 240 милијарди евра во рамките на програмата за спасување.

Ципрас, кој минатата недела посети повеќе европски градови, ги отфрли условите од програмата за помош, која истекува на крајот на февруари, како и болните економски реформи и буџетските кратења. Грчката влада сака кредиторите да ги олеснат условите наметнати во рамките на програмата, како и тоа да и дозволат на Атина да ја зголеми буџетската потрошувачка, за да ја поттикне економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП