28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСолиден раст на германската економија

Солиден раст на германската економија

germanija-berlin

Германската економија, најголемата во Европа, во 2014 година оствари посилен раст од првично очекуваниот, од 1,5 проценти, со суфицит во буџетот, покажаа вчера официјалните податоци од Берлин.

Германскиот бруто домашен производ (БДП) порасна за 1,5 проценти минатата година, надминувајќи ја владината прогноза од 1,2 проценти, по растот од само 0,1 проценти во 2013 година, соопштија од германскиот Завод за статистика Дестатис, пренесува агенцијата Франс прес.

Во буџетот е остварен суфицит од 0,4 проценти од БДП, наведуваат статистичарите.

Минатогодишниот економски раст го надмина просекот од 1,2 проценти од изминатата деценија. „Германската економија бележи силни резултати и покрај глобалните економски тешкотии, пред се благодарение на силната домашна побарувачка“, изјави директорот на Дестатис, Родерих Егелер.

Извозот во 2014 година е зголемен за 3,7 проценти, домашната потрошувачка за 1,1 проценти, а јавната потрошувачка за 1,0 проценти. Инвестициите кои во 2012 и 2013 година беа во пад, пораснаа за 3,7 проценти.

Германската влада за тековната година прогнозира економски раст од 1,3 проценти, но таа прогноза би можела да биде ревидирана нагоре, пишува германскиот весник „Цајт“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП