28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСБ: Македонската економија годинава со раст од 3,5 отсто, до 2017 година...

СБ: Македонската економија годинава со раст од 3,5 отсто, до 2017 година 4 отсто

svetska_banka

Македонската економија годинава ќе има раст од 3,5 проценти, наредната 3,8, а во 2017 година четири отсто, предвидува Светска банка во најновиот извештај.

Во извештајот се наведува дека Македонија и натаму е со најдобар економски раст во регионот.

Растот на БДП во Хрватска е предвиден на 0,5 отсто и 1,2 отсто наредната година, во Црна Гора 3,4 годинава и 2,9 отсто наредната, во БиХ растот на економијата ќе биде 1,5 годинава и 2,5 отсто наредната, а албанската економија ќе има раст од 3 проценти оваа година и четири во наредната година.

За Србија е предвиден пад на економијата од 0,5 отсто, а наредната раст од 0,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП