6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТутунарите од Прилеп задоволни што од субвенциите ќе се пребиваат долговите

Тутунарите од Прилеп задоволни што од субвенциите ќе се пребиваат долговите

tutun1

Сојузот на тутунски здруженија е задоволен од предлог законските измени со кои се предвидува со субвенциите да им се пребијат долговите.

Претседателот на Сојузот, Данчо Милески на прес­конференција рече дека тие побарале при исплатата на субвенциите да им се пребијат долговите за наводнување и одводнување на површините со земјоделски култури и за пашарина.

Пред една година имавме барање до Министерството за земјоделство и до Владата кое беше прифатено во ноември ­ при исплатата на субвенциите да им се пребијат долговите кон јавните претпријатија за наводнување, одводнување и пашарина. Од годинава ќе нема никаков застој ниту доцнење на исплатата на субвенциите. Лани, токму поради неплатени долгови 2.500 тутунари не можеа навреме да добијат субвенции во вкупна висина од пет милиони евра, истакна Милески.

Според него, нема никаква манипулација, туку олеснување за тутунарите.

Кога ќе почне производствената година напролет, тутунарите имаат многу трошоци. Со овие измени нема да се оптоваруваат со плаќањето за наводнување, одводнување и пашарина, туку тоа ќе им биде пребиено од субвенциите и ќе имаат увид колку и што е исплатено на јавните претпријатија, појасни Милески.

Тој информира дека откупот на тутунот се одвива непречено и со зголемен интензитет.

До 10 јануари се откупени близу 7.000 тони тутун со просечна откупна цена од 122 денари за килограм. Се очекува просечната цена да се зголемува зашто сега нема влага во тутунот, смета Милески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП