28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинескиот раст најнизок во последните 24 години

Кинескиот раст најнизок во последните 24 години

kinaekonomijajachina545b74t

Економскиот раст на Кина во четвртиот квартал минатата година изнесувал 7,2 проценти, што е најниската квартална стапка на раст на бруто домашниот производ од почетокот на финансиската криза, покажа анкетата на агенцијата Ројтерс.

Во претходниот квартал (јуни-септември), кинеската економија забележала раст од 7,3 проценти, така што вкупниот раст во цела 2014 година, би можел да биде под целта од 7,5 процeнти која ја проектираше Владата во Пекинг, односно најнискиот раст за последните 24 години.

Зголемувањето на БДП од 7,2 проценти во четвртиот квартал воедно е и најнискиот квартален раст од првиот квартал во 2009 година, кога тој изнесуваше 6,6 проценти, се наведува во студијата на Ројтерс во која учествуваа 31 економски експерт.

Кинескиот Завод за статистика своите податоци за економскиот раст ќе ги објави на 20 јануари, наведува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП