28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: На еврозоната и се заканува рецесија

Лагард: На еврозоната и се заканува рецесија

T

Директорката на ММФ Кристин Лагард предупреди дека еврозоната би можела повторно да падне во рецесија, доколу не бидат преземени чекори за тоа да се спречи.

„Не велиме дека еврозоната се движи кон рецесија, но велиме дека постои сериозен ризик да се случи тоа доколку ништо не биде преземено“, изјави Лагард на годишната конференција на ММФ и Светска банка во Вашингтон, пренесува агенцијата Франс прес.

ММФ смета дека постои шанса од 35 до 40 проценти европската монетарна унија да падне во нова рецесија, што не е беззначаен процент, наведува Лагард, додавајќи дека рецесијата можно е да се избегне ако земјите кои бележат буџетски суфицит, како и оние со дефицит, донесуваат правилни одлуки.

ММФ претходно оваа недела ја намали прогнозата за економскиот раст на 18-члената еврозона на 0,8 проценти во 2014 година и на 1,3 проценти во 2015 година. Меѓутоа, со растечката загриженост од дефлација и падот на индустриското производство, дури и во најголемата европска економија – Германија, можни се и полоши економски резултати.

Директорката на ММФ напомена дека само „скромен дел“од забавувањето на еврозоната може да и се препише на кризата во Украина и санциите на ЕУ и САД кон Москва.

Главниот економист во ММФ, Оливие Бланшар предупреди дека долготрајната економска слабост во еврзоната може да претставува голем проблем за светската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП