26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако може да ви помогне маслото од рузмарин

Како може да ви помогне маслото од рузмарин

miris-etericnog-ulja-ruzmarina-stimulira-pamcenje-za-75-posto

Маслото од рузмарин е корисно за здравјето. Од една страна тоа совршено ја поттикнува циркулацијата, а од друга страна влијае на нервниот систем, го опушта и на тој начин ја подобрува концентрацијата.

Уште многу одамна е познато дека рузмаринот е многу повеќе од обична билка. Во народната медицина е познат како многу лековита билка благодарение на состојќите: етерично масло, смола и танин. Рузмаринот делува и на нервите и ја поттикнува циркулацијата со својата миризлива состојка камфор.

Маслото од оваа билка се користи и за масажа на ладните раце и стапала со цел тие да се загреат. На трудниците им е дозволено да испијат по една шоља чај дневно, додека рузмаринот не е препорачлив за лицата кои боледуваат од епилепсија или висок крвен притисок. Освен тоа, оваа билка спречува и опаѓање на косата.

Наука

Тим на психолози од Њукасл го потврди позитивниот ефект на рузмаринот на концентрацијата и помнењето. Маслото помага и кај долгорочното помнење.

Механизам

Со вдишувањето на етеричното масло од рузмарин директно го стимулирате мозокот преку мирисните рецептори и ја зголемувате мозочната циркулација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП