26 април, 2024
ПочетнаБЕРЗАМакедонска берза 16.09.2014

Македонска берза 16.09.2014

berza

-Силекс АД Кратово објави јавен повик за собрание на акционери

На 16.09.2014 година на Македонската берза е остварен промет од редовното тргување од 5.106.371,69 денари (83.017,61 евра) од кои 5.106.371,69 денари се остварени на Официјалниот пазар. Прометот од тргување со обврзници бележи зголемување од 123,78% во споредба со претходниот трговски ден. Од акциите кои што се тргуваат на Официјалниот пазар најголемо учество во вкупниот дневен промет имаа акциите на Алкалоид Скопје со промет од 995.178,00 денари. На Официјалниот пазар најголем пораст на 16.09.2014 година забележаа акциите на Бетон Скопје со процентуален пораст на просечната цена од 1,53%.

На 16.09.2014 година на Македонската берза се склучи една системска блок трансакција и тоа:

-1.504 обични акции на НЛБ Тутунска банка Скопје(TNB) по цена од 4.400,00 денари за една акција, што претставува 0,18% од основната главнина на друштвото. Вкупната вредност на трансакцијата изнесува 6.617.600,00 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП