4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНема листерија во производите на „Екстра Меин“, потврди Агенцијата за храна

Нема листерија во производите на „Екстра Меин“, потврди Агенцијата за храна

EkstraMein222

Нема листерија во мострите и брисевите земени од „Екстра Меин“, потврдија анализите на Факултетот за ветеринарна медицина и Институтот за јавно здравје.

Како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), негативни се сите резултати од испитаните материјали кои доаѓаат во контакт со храната и мострите од суровините и готовите производи. Тие одговараат на Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храна.

„Од мострите и брисевите кои се испитуваат во лабораториите на Институтот за јавно здравје до Агенцијата се пристигнати девет резултати за земени брисеви од работни површини, машини како што се сецкалки, стерилизатори, комори и од други места каде евентуално може да се утврди присуство на оваа бактерија, како и за испитани две мостри од спорните лотови вакумиран сечкан свински врат и четири мостри од адитиви. Сите анализи се негативни, односно кај досега испитаните 15 мостри и брисеви од страна на Институтот за јавно здравје, не е утврдено присуство на бактеријата и тие одгoвараат на одредбите од Правилникот“, информира АХВ.

Во рамки на контролите по појавата на случајот „листерија“, земени се вкупно 24 мостри од производи и адитиви кои се користат во производството, вклучително и од лотовите каде беше детектирано присуство на оваа бактерија, 10 брисеви од работни површини, машини како што се сецкалки, стерилизатори, комори и од други места каде евентуално може да се утврди присуство на оваа бактерија. Земени се и два бриса од материјали што се користат во производството, а кои доаѓаат во контакт со храната.

Лабораториско испитување на земените мостри и брисевите, согласно препораката на Комисијата за заразни болести, паралелно се врши во лабораториите на Факултетот за ветеринарна медицина и во Институтот за јавно здравје. Агенцијата за храна и ветеринарство ги обработува пристигнатите резултати и по нивното комплетирање ќе ги преземе сите со закон предвидени мерки и активности за информирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП