3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ и Русија се договорија за разговори на политичко ниво со учество...

ЕУ и Русија се договорија за разговори на политичко ниво со учество на Украина за трговската спогодба на Киев со ЕУ

4sfgdg kollaj ukr 2

Европската унија и Русија се договорија да одржат разговори на високо ниво со учество на Украина по прашањето за очекуваното од Киев потпишување на спогодба за слободна трговија со ЕУ, откако Москва предупреди минатата недела дека ќе одговори со мерки за заштита на својата економија.

Владата на Украина се подготува да потпише спогодба со ЕУ на 27 јуни и покрај стравувањата на Русија дека тоа ќе и наштети на руската економија.

ЕУ во ноември минатата година ја отфрли идејата за трилатерални разговори со Русија за спогодбата за асоцијација на Украина со Унијата.

Сегашниот предлог сепак не и дава право на збор на Русија во однос на спогодбата на Украина, туку само нуди можност за тристрани консултации, кои се однесуват на последиците од договорот.

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо вчера во телефонски разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин предложил да биде зголемено на политичко нивото на консултации со Москва за спогодбата на Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП