27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМедитеранската исхрана е добра за мозокот

Медитеранската исхрана е добра за мозокот

mediteranskagh6eg6dr5drd

Во текот на шест и пол години, шпански научници вршеле истражување врз 1000 личности со цел да утврдат како влијае медитеранската храна на активноста на мозокот. Истражувањето покажало дека учесниците кои се хранеле на медитерански начин покажале подобри резултати на когнитивните тестови од групата луѓе која се хранела со намирници кои содржеле помалку масти.

Медитеранската кујна не е добра само за срцето туку и за мозокот, покажало новото истражување. Резултатите од истражувањето се објавени во магазинот „Journal of Neurology, Neurosurgery and Psychiatry“.

Утврдивме дека медитеранската исхрана со маслиново масло може да ги намали воспалителните промени на крвните садови кои се поврзани со зголемениот ризик од васкуларни болести и когнитивни оштетувања – соопштил Мигел Мартинез Гонзалез, шефот на одделот за превентивна медицина од шпанскиот универзитет во Навара.

Во медитеранскиот начин на исхрана нема преработена храна и лоши масти. Застапени се интегралните житарки, јаткастите плодови, овошјето и зеленчукот, мешунките, рибата и црвеното вино – сите производи кои се богати со антиоксиданти и противвоспалителни активни материи.

Познато е дека овие намирници помагаат во намалување на ризикот од васкуларни болести и од воспаление и оштетување на мозокот како последица на слободните радикали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП