26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛесни кардио вежби за секој ден

Лесни кардио вежби за секој ден

kardio1

Кардио вежбите се одличен начин да го зачувате вашето срце здраво, но и да ја одржите вашата линија. Помагаат за согорување на калории, слабеење, намалување на стресот и подобрување на сонот. Но исто така, тие го подобруваат капацитетот на белите дробови и го прават срцето посилно.

Кардио вежби се секој тип на вежби кои ја забрзуваат работата на срцето и белите дробови. За оние кои сакаат здрав живот препорачливо е да ги практикуваат секојдневно, а останатите барем три до четири пати неделно (по најмалку 20-30 минути).

НАИЗМЕНИЧНИ СКОКОВИ

Застанете исправени, поставете ги нозете во ширина на рамената, а рацете раширете ги настрана и подигнете ги над главата (телото треба да ви биде во форма Y). Пренесете ја тежината на десната нога, свиткајте го левото колено и започнете да ја подигате левата нога. Носете го стапалото што повисоко нагоре за да можете да го допрете со десната рака без да се наведнувате нанапред. Потоа скокнете на левата нога, подигнете ја десната нога и со левата рака допрете го стапалото или глуждот.

СКОКАЊЕ СО РАШИРЕНИ РАЦЕ И НОЗЕ

Застанете исправени и стапалата поставете ги во ширина на рамената, а рацете пуштете ги покрај телото. Скокнете така што истовремено ќе ги раширите нозете и рацете (во форма Х). Додека се приземјувате вратете ги рацете и нозете во првобитната положба.

ТРЧАЊЕ ПО СКАЛИ

Истрчајте набрзина нагоре по скали, а потоа со бавно темпо слезете надолу по нив. Повторете го тоа неколку пати. Не мора да искачувате многу скали, нека бидат 10-15. За поинтензивно вежбање, качувајте по 2 скали одеднаш, т.е. чекорете преку една скала.

СКОКАЊЕ ЛЕВО-ДЕСНО

Ставете тенок долг предмет на подот. Тоа може да биде краток стап или пак долга рачка од метла. Застанете десно од предметот со рацете поставени на колковите и прескокнете лево од предметот. Потоа, повторно скокнете десно итн.

ТРЧАЊЕ ВО МЕСТО СО ВИСОКО ПОДИГАЊЕ НА КОЛЕНАТА

Започнете да трчате во место, но наместо нозете да ги одлепувате само малку од подот, подигајте ги колената високо нагоре (до колковите).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП