26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо кој град има најмногу мулти-милионери?

Во кој град има најмногу мулти-милионери?

london

Според анализата на британската агенција Wealthsight, во Лондон живеат најголем број на мулти-милионери.

Во Лондон, во 2012-та година живееле 4.000 луѓе со богатство поголемо од  23 милиони евра, што е рекорд на глобално ниво.

Позицијата на Лондон не е изненадувачка, со оглед на огромниот број на странски инвестиции кои градот ги привлече минатата година, пренесува францускиот весник Фигаро.

“Повеќето од милионерите кои живеат во Лондон се претприемачи, и тие се обично на позиција на претседател или генерален директор на компанија, а нивното богатство во просек изнесува 125 милиони евра и тие се постари од 57 години”, се вели во студијата.

На второ место по бројот на мулти-милионери е Токио, додека на трето место се најде Сингапур.

Њујорк е на четвртото место. Во него живеат само 7% од американските мулти-милионери, во споредба со 42% од англиските во Лондон.

Покрај Лондон, уште два европски градови се најдоа меѓу десетте првопласирани, и тоа Франкфурт на шестото место и Париз на осмото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП