По интензивно тринеделно предавање А1 Македонија со гордост го објавува успешното завршување на A1 Academy. Академијата за Бизнис Аналитика им овозможи на учеснците да стекнат знаење и вештини во повеќе области, како што се анализа и визуелизација на податоци, анализа на внатрешни бизнис фактори и примената на вештачка интелигенција во бизнис секторот.
“Горди сме што се повеќе млади ја препознаа нашата намера и покажаа огромен интерес и мотив за учење. Со креирање на динамична средина за учење и обезбедување пристап до најновите алатки и методологии, продолжуваме со нашата цел, а тоа е овозможување на што повеќе млади луѓе да се стекнат со дигитални вештини во ова модерно време. Наскоро следува нов модул на уште една атрактивна и модерна теми и ги охрабруваме сите млади што сакаат да бидат дел од оваа успешна приказна да ги следат сите активности на A1 Academy.” – изјави Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

