6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвтопатот преименуван во "Пријателство", аеродромот во „Меѓународен аеродром Скопје“

Автопатот преименуван во “Пријателство”, аеродромот во „Меѓународен аеродром Скопје“

Владата на вчерашната 53-та седница донесе одлука автопатот А1 од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица да се преименува во „Пријателство“. Исто така, министрите ја прифатија одлуката аеродромот „Александар Велики“ од сега да го носи името „Скопје“.

“Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе се преименува во „Меѓународен аеродром Скопје”, додека новото име на автопатот „Александар Македонски“ во „Пријателство“, изјави премиерот Заев и додаде дека поминале на владината седница.

„Овие две одлуки се одлична вест. Покажуваат дека оваа Влада е сериозна во носењето одлуки. Но, ја покажува и решеноста да најде решение за спорот со Грција“, истакна амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар.

Подготвени сме за име со географска одредница, изјави премиерот Зоран Заев по прозивката од министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, кој побара од македонската Влада јавно да соопшти која придавка е прифатлива за новото име.

„Сакам да успее преговарачкиот процес, ние сме подготвени за географска одредница и тука ќе застанам затоа што знам дека ова е чувствително прашање. Да дадеме шанса да успее преговарачкиот процес. Јавно се позиционираме, нашите ставови се јавни и се надевам на решение“, изјави Заев.

Тој додаде дека е оптимист и дека во следните 6 месеци може да се најде решение и ќе се затвори дводеценискиот спор со Грција.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП