4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилниот извоз поттикнувач на економскиот раст

Силниот извоз поттикнувач на економскиот раст

Централната банка на Јужна Кореја ја зголеми референтната каматна стапка за четвртина проценти на 1,5 проценти, прв пат од 2011 година.

И покрај тензиите поради заканите од Северна Кореја, силниот извоз беше локомотива на побрзиот економскиот раст од очекуваниот во четвртата најголема економија на Азија, пренесува агенцијата АП.

Цената на задолжувањето во Јужна Кореја во изминатите пет години континуирано е намалувана со цел да се заштити закрепнувањето на земјата, а во јуни 2016 година референтната камата беше на рекордниот минимум од 1,25 проценти.

Денешната одлука на центрелната монетарна власт беше главно очекувана, бидејќи економскиот раст во третиот квартал ги надмина очекувањата.

Јужнокорејскиот вон минатиот месец зајакна во однос на кошницата главни валути, поради очекувањата на пазарните актери дека референата камата ќе биде зголемена, што на инвеститорите ќе им го зголеми повратот од инвестициите.

Се очекува дека економијата на Јужна Кореја во 2017 година ќе го забележи најбрзиот раст во три години, поттикната од неочекувано силниот извоз благодарение на големата глобална побарувачка за мемориски чипови.

Централната банка соопшти дека денешната одлука не значи пресврт во начинот на водење на нејзината политика, додавајќи дека и понатака ќе остане при политиката за монетарно прилагодување, со следење на економскиот раст, инфлацијата, мерките на централните банки на водечките земји и геополитичките ризици, пренесува АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП