6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес сончево и топло со мала облачност, максималната температура до 28 степени

Денес сончево и топло со мала облачност, максималната температура до 28 степени

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност, а во западните делови со умерен до засилен западен ветер. Минималните температури ќе се движат од 3 до 10, а максималните од 22 до 28 степени. Во Скопје сончево со мала облачност. Температурата ќе се движи од 9 до 26 степени.

Во петок во поголем дел од денот времето ќе биде претежно сончево и топло. Значителна промена на времето се очекува од петок кон крајот на денот кога под влијание на влажен и студен воздушен бран облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во сабота, кога на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика значително и нагло опаѓање на температурата на воздухот за околу 15 степени. На планините ќе има и врнежи од снег, особено во северните делови каде снежната граница можно е да се спушти и под 1500 метри надморска височина. Од недела времето ќе биде претежно стабилно со студени утра и благ пораст на дневната температура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП