6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСончево и потопло време до петок, од сабота пад на температурите за...

Сончево и потопло време до петок, од сабота пад на температурите за 10 степени

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 12 степени, а дневната од 19 до 25 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Максималната дневна температура ќе се искачи до 23 степени.

Според најавите од УХМР, до петок следува период на сончево и потопло време со мала до умерена облачност.

В сабота под влијание на нов влажен бран времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува и умерен до засилен северозападен ветер, кој ќе донесе значително заладување од север за десетина степени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП